Променливиот март донесе студено утро со мала снежна покривка денеска во Охрид.
Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено претпладне. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната од 5 до 11 степени.
Во петок и во деновите од викендот ќе преовладува стабилно и суво време со пораст на дневната температура. Нови врнежи од дожд, а на планините од снег се очекуваат во понеделник.
OhridNews