Снежнето невреме кое беснее на Балканот, не ја зафати Македонија. Врнежи од снег речиси и да нема, а така ќе биде и деновиве.

Во Охрид денеска ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен и источен правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 6 степени Целзиусови, информираат од УХМР Македонија.

Слично време не очекува и утре. Во среда во западните краишта од земјава можни се слаби врнежи од снег. Минималната дневна температура ќе се движи од -7 до -1, а дневната ќе достигне до 8 степени.

OhridNews