На 29 декември Михаел Шумахер имаше страотна несреќа при скијање и хитно со хиликоптер беше пренесен во болницата во Гренобл.


Докторите во болницата го држат во вештачка кома поради сериозноста на повредите на главата. Неговата здраствена состојба е стабилна, но сеуште не е поминато најлошото.

На социјалните мрежи кружи видео за кое се тврди дека е од кацигата на Шумахер, која од силината на ударот се поделила на пола.

Ohridnews