Сојузот на Лајонс клубови каде членуваат и охридските клубови донираше најсовремен електрохируршки генератор на ЈЗУ Општата болница со проширена дејност во Кочани. Овој апарат овозможува многу прецизни и минимално инвазивни интервенции, а се користи во секоја гранка на хирургијата – од општа хирургија, урологија и гинекологија до реконструктивни и специјализирани интервенции.

Ова е донација од срце, од нашите 30 клубови со околу 700 членов,и а со исклучителна и несебична помош од Лајонс клубовите од Словенија, Хрватска и Австралија. Ние сме волонтери, обични граѓани кои сакаат да дадат онолку колку што можат од себе за доброто на своите сограѓани, истакна гувернерката на Лајонс Д132, Маја Костовска.

Сојузот на Лајонс клубови – Д132 е дел од ова глобално семејство и веќе 28 години членовите посветено и волонтерски работат за подобрување на здравјето и благосостојбата, зајакнување на заедниците и поддршка на нашите сограѓани на кои им е потребна помош.
OhridNews












