27-ми март, Светскиот ден на театарот, Народниот театар од Охрид ќе го одбележи со прикажување на „Ај да си речиме уште една“, претстава која изобилува со многу комични елементи и со познати стари народни песни кои се изведуваат во живо.

“Ај да си речиме уште една”, е авторско дело на режисерот Андреј Цветановски, и зборува за творештвото на еден народ кое секогаш претставува богатство што се чува и негува, показ и доказ за цивлизацијата што се развива во еден регион, белег за одликите и навиките на еден народ.


Улогите во претставта ги толкуваат: Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ, Ивица Цонев, Билјана Билаловиќ и Игор Георгиев. Костимите се на Кристина Мукоска-Затуроска, светло Зоран Левески, тон Филип Ангеличин Жура.

Претставата ќе започне во 20 часот.

OhridNews