Со цел поголема соработка со граѓаните, Општина Охрид по иницијатива на градоначалникот Никола Бакрачески, воведува нова практика во работењето на локалната самоуправа, избор на нови тела- членови на советите на месните и урбаните заедници.
– Овој начин на соработка со граѓаните во иднина ќе го подобри не само функционирањето на општинските служби, туку и директниот контакт со граѓаните во донесувањето одлуки, претежно за проекти поврзани со локалната инфраструктура. Досега запоставените во одлучувањето, месни и урбани заедници , со формирањето на новите совети на месните и урбаните заедници ќе придонесат во зголемувањето на ефективноста на Општината во реализација на сопствената програма.”- истакнува Претседателот на матичната Комисија за месна самоуправа, Сашо Донев.
Советникот Сашо Донев , најавува зголемено ангажирање и нова форма на соработка на месните и урбаните заедници со Општина Охрид.
– Ќе се придаде поголемо значење на сите предлози, идеи кои што директно произлегуваат од жителите кои доаѓаат од Месните Заедници. Градоначалникот Никола Бакрачески, Советот, Општината и Комисијата за месна самоуправа, ќе му дадат значајно место во новиот начин на функционирање на месните и урбани заедници“, потенцира Донев.
За таа цел почнувајќи од утре , 14-ти октомври, континуирано во текот на месеците октомври и ноември ќе се организираат собири на граѓани , најпрво во месните, а потоа и во урбаните заедници на кои што жителите од тие делови ќе ги изберат телата кои пак понатака нив ќе ги застапуваат.
OhridNews