Неуспехот на „лалињата“ во квалификациите за пласман на Европското првенство во Франција за момент ќе ја прекине традицијата на „портокаловиот автобус“ кој ја прати холандската селекција на сите мечеви кои ги игра во и надвор од Холандија.
Приказната за автобусот кој има поминато илјадници километри започнала во 2004 година кога група пријатели решиле организирано на своја рака да патуваат во Португалија каде тогаш се играше Европското првенство.
– Група пријатели одлучивме да патуваме организирано во Португалија поради неможноста да се снајдеме со превоз бидејќи кога сакавме да одиме сите авионски билети беа резервирани. Првичната идеја беше со автомобили, но како што се договаравме така бројот растеше затоа се одлучивме со автобус кој го користиме само за оваа намена. Патувањето во Португалија помина одлично и тогаш одлучивме да ја пратиме секаде нашата селекција. – рече возачот на автобусот, Франс Питерс.
Од 2004 наваму, автобусот кој е синоним за Холандија беше дел на Мундијалите во Германија 2006, Јужна Африка 2010 и Бразил 2014 година, а низ Европа автобусот бил дел од континенталните собири во Австрија и Швајцарија 2008 и Украина и Полска 2012 година.
– Сите патувањето носат убави спомени, но мора да ги издвоиме оние низ Европа кои оставаат најдобар в печаток. На Мундијалите во Јужна Африка и Бразил до некаде патувавме со автобус, а потоа со брод на кој беше и нашиот првичен превози. Тие беа незаборавни патувања, но многу долго и мачно, затоа патувањата низ Европа се секогаш позабавни бидејќи сите луѓе се познаваме и брзо се спријателуваме. – додаде Питерс.
Летово автобусот со возбудлив портокалов карактер ќе одмара бидејќи „лалињата“ не успеаја да се квалификуваат на Европското првенство во Франција, што преставува голем неуспех за една од најфудбалските земји во светот.
– Сплет на околности се случија кои не одеа во прилог на нашата репрезентација. Подмладувањето, менувањето на селектори и пред се слабиот фудбалски квалитет во нашата лига се причини за ваквиот развој на настаните. Но, мора да има и вакви падови од кои селекцијата треба да излезе посилна и поквалитетна. – со надеж зборуваше предводникот на „портокаловата“ експедиција во Виена.
Одбраното друштво после посетата на „Ернст Хапел“ стадионот каде селекцијата на Холандија играше со Австрија и победи 2-0 ќе одмара три месеци. Следен меч на кој автобусот ќе патува со репрезентацијата е дуелот во Стокхлом помеѓу Шведска и Холандија во рамки од квалификациите за Светското првенство во Русија.
Михаил Постоловски