По повод големиот православен празник „Божиќ“, кога се слави раѓањето на Господ Исус Христос утре во Охрид, ќе се организира Литија за ,,Бадниково навестување за раѓањето на Христос”.

Литијата ќе започне во 9 часот пред храмот ,,Св.Георгиј“ и ќе продолжи по улиците „Питу Гули“ и ,,Јане Сандански“ , по што по најкраткиот пат ќе пристигне на градскиот плоштад. Тука децата ќе бидат пречекани од претставници на локалната самоуправа, кои заедно со група верници ќе им даруваат подароци.

Понатаму, литијата ќе помине и низ Охридската чаршија се до храмот „Успение на пресвета Богородица-Каменско“, каде што на децата ќе им биде организиран пречек и ќе има бидат поделени крстиња за благослов. На крај, целиот овој свечен настан ќе заврши со заедничка молитва во храмот и заеднички Бадников ручек.

OhridNews