Со манифестацијата „Белата ноќ“, во организација на локалната самоуправа, што се одржува вечерва на повеќе сцени низ градот на вода и на копно, симболично е означен почетокот на туристиката сезона во Охрид, која ќе биде исполнета со бројни музички и културни настани и фестивали.

На сцената кај градското пристаниште, од 19.30 часот настапуваа локални диџеи, по што на Античкиот театар концерт одржа Масимо Савиќ. Забавата продолжи на кејот каде настапи ѕвездата на вечерта – германскиот суперстар – DJ Tomcraft.

OhridNews
фото Анамарија Момироска