Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 14ти јуни, четврток, во манастирот Свети Еразмо-Охрид, со почеток во 19.00 часот, ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот Свети Еразмо Охридски на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
На 15-ти јуни, петок, со почеток во 9.00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Вископреосвештенство митрополитот Дебарско–кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г.Тимотеј.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
OhridNews












