По покана на градоначалникот Никола Бакрачески, од денес во општинската зграда, претставници од Британската амбасада започнаа со едукација на вработените во локалната самоуправа , во рамките на проектот за професионализација и зголемување на ефикасноста на општинската администрација.

Имаме можност, покрај општините Центар и Тетово да сме вклучени во пилот програмите за имплементација на алатките за подобрување на квалитетот како што е заедничката рамка за проценка која општината ќе има можност во текот на шест  месеци да ја спроведе во локалната администрација и се надевам дека завршувањето на имплементацијата ќе вроди со нов правец во работењето и создавањето на современа,  ефикасна и професионална јавна администрација, изјави градоначалникот Никола Бакрачески.

Локалната администрација во Велика Британија важи за една од најдобро обучените и најефикасни административни системи во рамките на земјите на Европската Унија.

Станува збор за програма која се користи во Англија и Европската унија и се надевам дека нејзиното имплементирање ќе биде особено корисна за општина Охрид со цел да се подобри работењето на администрацијата и квалитетот на услугите кон граѓаните, рече Кристин Витернбурн, заменик шеф на мисијата на Британската амбасада.

Едукацијата на вработените е насочена кон подобрување на системите и процесите внатре во администрацијата, подобрување на начинот на планирање и имплементација на политиките .

Т.К.