Во рамки на одбележување на 22 март – Светскиот ден на водата, под мотото „Вода за мир“ Општинската организација на Црвениот крст и Центарот за јавно здравје од Охрид со поддршка на бројни еколошки и спортски здруженија и организации од Охрид и Албанија, утре на Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ во Охрид ќе организира забавно-едукативен настан.

Преку бројни едукативни материјали, презентации и забавни перформанси ќе се потенцира на опасноста за Охридското Езеро и неговиот еко-систем од евентуалното одржување на настанот светско првенство во трка со чамци „Формула 1“, за јули оваа година во акваторијата пред албанскиот град Поградец.
И од овој настан сите заедно да упатиме силна порака и апел до населението и надлежните во двете држави за избегнување и спречување на настани и активности на Охридското Eзеро и во блиската негова околина, кои се опасност за живиот свет и ја нарушуваат природната рамнотежа. Да се обединиме околу водата и ја користиме за мир, поставувајќи темели за стабилна и просперитетна иднина, посочуваат организаторите на настанот.
OhridNews













