Во рамки на проектот „ Заедно до почиста околина“ кој од февруари се реализира во општина Дебрца, се изврши разубавување на дворот на основното училиште во село Белчишта.
Во акцијата во која беа вклучени ученици и наставници, се изврши засадување на 100 садници ружи, донација од локалната самоуправа и 10 борчиња кои ги донира Гарден центар „Розенталис“ од село Волино.
Целта на реализацијата на Еко-проектот „Заедно до почиста општина“ е потикнување на еколошката свест кај населението на Општина Дебарца. Ќе се спроведува до крајот на месец март.
OhridNews