Со дефиле низ охридските улици и показни вежби утре охридската Противпожарна единица ќе го одбележи 20-ти мај Денот на пожарникарите во Македонија.

Од ТППЕ Охрид информираат дека дефилето и вклучувањето на сирените ќе биде во 9:30 часот.

Од први јануари до денес ТППЕ Охрид извршила вкупно 112 интервенции на пожари и 109 технички интервенции и други активности и услуги.

Изминатиот период набавена е лична заштитна ПП опрема за шумски и технички интервенции за сите 38 пожарникари, како и работна секојдневна лична опрема, а и во идниина се планирана набавка на интервентни заштитини оддела, како и колективна ПП опрема. Добиено е мало теренско возило за шумски терени и тешко пристапни места во стариот дел на градот, велат од ТППЕ Охрид.

Исто така, сменета е комплетната дограма на објектот и извршена и промена на надворешните врати на гаражата.

Н.С.Ј.