Ноќеска во 02.50 часот пред угостителски објект во Охрид полициски службеници од СВР Охрид – Одделение за недозволена трговија лишиле од слобода 27-годишен жител на с.Лабуништа, струшко. Кај него била пронајдена прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира полицијата.
Исто така ноќеска, во периодот од 23.00 до 04.00 часот, на подрачјата на Охрид и Дебар извршени се контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници затекнале 12 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-11, Дебар-01).
Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, соопшти полицијата.
Синоќа во 21,30 часот, 36-годишна охриѓанка во полициска станица пријавила дека нејзиниот малолетен син, на 13.05.2022 година околу 21 часот на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид, бил физички нападнат од две лица.
СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот по што ќе поднесе соодветна пријава, се наведува во полицискиот Билтен.
На 14 мај околу 11 часот, на улицата „Спас Банџов“ во Охрид, нарушен бил јавниот ред и мир со физички напад извршен од три лица врз 43-годишно лице, сите од Охрид.
Против напаѓачите, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информира СВР Охрид.
OhridNews












