Во рамии на кампањата за превенција на болестите на зависност од алхохол, пушење и психоактивни супстанци, што ја спроведува Црвениот крст, денеска се одржа едукативно предавање во ОУ „Григор Прличев“.
-Во светот како и кај нас висок е процентот на употреба на дрога, алхохол и пушењето меѓу популацијата, што се должи на специфични општествени, културни, економски, социјални и географски фактори.- беше истакнато на предавањето што го спроведоа волонтери на Црвениот крст.
За опасностите од овие пороци и последиците се едуцираа учениците од осмите одделенија во училиштето, кои се во таканаречената чувствителна категорија млади која навлегува во фаза од животот кога се создаваат животните навики и добрите и лошите.
OhridNews












