Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против две лица од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“ и основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“.
Во текот на 2016 првопријавениот се договорил со второпријавениот да му обезбеди фалсификувана документација за регистрација на патничко возило „Хонда“. После тоа, второпријавениот набавил лажен купопродажен договор, на кој фиктивно како сопственик прикажал лице од Ресен, кое имало статус на повратник, по што ваквата документација ја употребил како доказ во постапката за сопственост пред Биро за метрологија, а потоа првопријавениот ја употребил во управните служби во Струга за регистрирање на возилото.
OhridNews