Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „фалсификување исправа” и „употреба на исправа со невистинита содржина”, полициската станица од Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 45-годишно лице од Гостивар и косовски државјанин со привремен престој во Гостивар и 42-годишн стружанец.
– Пријавениот во текот на декември 2016 година, направил лажна исправа-странски купопродажен договор за продажба на возило, ставил лажен потпис и датум и така фалсификуваниот договор го употребил пред Бирото за метрологија за отварање постапка за идентификација и добивање согласност за регистрација на возилото. Второпријавениот се потпишал на лажна исправа и ја заверил кај нотар, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Трето пријавениот, како овластен шпедитер од Струга, исправата со невистинита содржина-договор за купопродажба на патничко моторно возило, ја доставил во Управни служби во Струга, со цел регистрација на возилото.
OhridNews












