Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 47-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“ и против 44-годишен стружанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Првопријавениот, како шпедитер набавил фалсификувана странска сообраќајна дозвола и фалсификувана царинска декларација за товарно возило „Фолксваген T4”. Потоа, во име на второпријавениот ваквата документација ја приложил во Бирото за метеорологија при Министерството за Економија-Скопје со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила.

После тоа, второпријавениот, со целокупната документација ја приложил наведената дозвола и декларација при поднесување на барање за регистрација во Одделението за управни работи во Струга.

OhridNews