Одделението за внатрешни работи Струга поднесе кривична пријава против 62-годишно лице од струшкото село Ливада поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „измама при добивање кредит или друга погодност”.

Кривична пријава е поднесена и против 40-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама при добивање кредит или друга погодност“, „фалсификување или уништување деловни книги“ и „фалсификување на исправа“ и против 66-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама при добивање кредит или друга погодност”, „фалсификување на исправа“ и „соизвршителство“. Пријавените, кривичните дела ги сториле во врска со увезен патнички автомобил „мерцедес“, кој легално не можел да се регистрира, поради што, изготвиле фалсификувани документи. Тие ги приложиле документите во Бирото за метрологија при Министерство за Економија – Скопје и АМД Охрид за регистрирање на возилото.

OhridNews