Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 30-годишен вработен во Шумската полиција во Струга и 37-годишно лице, вработено во основно училиште во селото Лабуништа, двајцата од струшкото село Подгорци.

– Пријавените, казнените дела ги сториле на 26-ти април годинава по претходен меѓусебен договор со цел набавување на мобилни телефони на рати од продавница за бела техника во Струга. Пријавениот, вработен во Шумската полиција, со цел да докаже дека е член на синдикатот, неовластено го употребил службениот печат на Шумската полициска станица, ставајќи го на потврда на негово име, а потоа го фалсификувал и потписот на претседателот. Другиот пријавен казненото дело го извршил со фалсификување документ и неовластено изготвување на администра- тивна забрана на плата на негово име,  употребувајќи го печатот и штембилот од Шумската полиција, со фалсификување на потписот на овластеното лице и на раководител на финансиска служба. Тој, иако вработен во основното училиште, по договор со другиот пријавен, неовластено пополнал изјава во која навел дека е вработен во Шумската полиција на работно место референт и дека е член на синдикатот. Потоа, него му била изготвена потврда со фалсификат потпис на претседателот и изготвено решение за извршување административна забрана на плата, употребувајќи го повторно печатот и штембилот на истата институција, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Така фалсификуваните документи, двајцата пријавени ги употребиле во продавница за бела техника од каде, на рати набавиле мобилни телефони.

OhridNews