Со проекцијата на филмот „Тетовирање“, вечерва од 21ч во Касарната Охрид, Културолошка иницијатива 5 до 12 го затвора четвртото издание на нивната летна програма.

Публиката вчеравечер уживаше во проекцијата на филмот „Мирно лето“.
Вечерва вратите се отвораат од 20ч., а проекцијата започнува од 21ч.
Карти има на влез и во кафе бар Шила, цената е 500 денари по автомобил.
Ве очекуваме заедно да го заклучиме и ова четврто издание на алтернативно културно-забавно лето 5 до 12! – порачуваат од Културолошка иницијатива 5 до 12.
OhridNews
Фото: Анамарија Момироска/Ива Јовановиќ























