На булеварот „Македонски Просветители“ денеска се поставуваат столпчиња со кои физички ќе се оддели велосипедската патека од кололовозот по кој се движат автомобилите.

Ова доаѓа откако и по обележувањето на велосипедската патека со црвена боја несовечните возачи продолжија да ја узурпираат непрописно користејќи ја за паркирање, а за што деновиве пишуваше OhridNews.

Според најавите со посебна боја ќе се означува делот за велосипеди и на улицата „Димитар Влахов“, каде исто така е предвидено да се постават физички разделници, со што се очекува зголемување на безбедноста на велосипедистите кои постојано ја потенцираат потребата од обезбедување и означување на велосипедските патеки, а кои или ги нема или се уништени.

OhridNews

Џабе трошите боја!