Граѓани все жалат дека во некои маркети во Охрид, се продаваат освежителни пијалаци на кои е избледен рокот на траење, а дополнително е испишан со црн фломастер.
За пијалаците кои инаку се од познати производители, велат дека се со сомнителен квалитет и вкус поради изминатиот рок.
оригиналниот рок на трање целосно избришан
Граѓаните сметаат дека ваквите производи не треба да ги има во малопродажба, а инспекциски служби да ги санкционираат несовесните продавачи, со цел да се заштити здравјето на луѓето.
О.Т.