Тимот на Ливерпул пред своите гледачи го совлада Свонси со 4-1 во последниот премиерлигашки натпревар за 2014 година.


Мала утеха за навивачите на „црвените“ покрај лошата сезона е тоа што со убедлив триумф ја испратија годината.

Два од четирите погодоци постигна Адам Лалана, еден реализираше Алберто Морено додека авто гол си постигна Џорџо Шелви. Почесниот погодок за гостите беше дело на Сигурдсон.


Со овој триумф Ливерпул се израмни со Свонси на табелата и го делат седмото место со по 28 освоени бодови.

Англичаните немаат многу време за одмор бидејќи на 1 јануари го играат редовното 20-то коло со што ќе продолжат возбудувањата.

Мх.П.