После успешно сработениот проект ,,Заедно до почиста Општина“, денес во селото Белчишта учениците и вработените во ОУ ,,Дебрца“, како и претставници на локалната самоуправа, организираа свечен хепенинг и продажна акција.
Проектот се одвиваше во шест работни седници, а секоја седница имаше различни активности меѓу кои: поставување корпи за отпадоци, засадување рози кои беа донирани од страна на градоначалникот Игор Трајкоски , уредување на училишниот двор, одржување јавна трибина, марш на учениците со еко транспаренти низ повеќе локации на општината, како и поставување хранилки за птици пред училиштата. Проектот беше заокружен со свеченост и богата програма, на која учениците се претставија со повеќе точки.
После оваа проект, учениците продолжуваат со својата „Инспекторска еко-акција“ и заедно со жителите од општина Дебрца, ќе се обидат да придонесат за почиста и поеколошка општина.
Инаку, општинската администрација во Дебрца активно се вклучи во денешната акција „Македонија земја на цвеќето, земја на розата“.
OhridNews