Традицијата продолжува. Годинава уште помасовно и повесело, камперите и вњубениците во Љубаништа со забава до доцна во ноќта и вечерно капење под светлото на месечината и „бакљи“, завршија уште едно убаво лето во кампинг Љубаништа.

Забавата кулминираше со настапот на Влатко Броз и Марама кои приредија уште една вечер за паметење.

Помала група кампери пред неколку години за прв пат организирано го одбележа крајот на сезоната исполнета со прекрасни дружби и одмор покрај езерото. Оттогаш на овој ден се повеќе луѓе присуствуваат на забавата која се доживува и прераскажува.

OhridNews