Во чест и спомен на својот неодамна починат татко Младен Танески кој потекнува од село Белчишта, Елена Танеска и Бојана Танеска Бонеска со подршка на општинскиот Црвен крст, денес, донираа лектирни изданија за потребите на ОУ „Дебрца“ со што го збогатија библиотечниот фонд со кој располага ова основно училиште.

Како што беше потенцирано при нивната посета на училиштето, од страна на директорката Весна Шопоска, нивниот гест претставува одличен пример како може да се биде хуман и дарежлив и корисен за заедницата.


OhridNews