Со хуманитарен концерт кој вчера се оддржа во големата општинска сала, лајанс клубот  „Лихнидос“ од Охрид го оддбележа своето четири годишно постоење.

На концертот настапија Марко Албрицио, универзитетески професор по пијано и еден од петте најдобри концерт-мајстори во Италија, а музичко-поетски перформанс изведоа професорката Емилија Маринова -пиjано и Ангело Ф.Ј. Себастианини директор на The Music Festival of Nations во Рим, голем хуманитарец и активен член на лајанс клуб од Рим. Тој специјално за оваа пригода подготви емотивна  поема за љубовта помеѓу охриѓанка и турски заповедник од времето на Отоманската империја.

За заслугите и несебичната помош на хуманитарните проекти ЛК „Лихнидос“ го прогласи Анџело Себастианини за свој почесен член, кој пак се заблагодари што охриѓани го примиле со отворено срце.

На свеченоста по повод 4-от роденден на ЛК „Лихнидос“, присустуваше ракодството на националната асоцијација на лајанс клубови – Дистрикт 132 Македонија, гости од сродните клубови, лица од јавниот живот и голем број хумани граѓани.

Претседателот на ЛК „Лихнидос“ од Охрид, проф. д-р Зоран Тунтев, се заблагодари на хуманите луѓе кои несебично ги поддржуваат проектите за помош на ранливите категории граѓани. 

-Голем број индивидуални лица, компании и институции ги поддржаа хуманитарните активности на ЛК „Лихнидос“, со што придонесоа да им се помогне на оние на кои помошта им е неопходна.-рече Тунтев

Пред присутните се обрати гувернерот на Дистрикт 132 Македонија, Андреја Стојковски, кој истакна дека членовите на ЛК Лихнидос покрај  редовни акции за чистење на Охридското Езеро и  заштита на животната средина, ја негуваат и културата.

Кога во еден град функционира лајнс клуб, тој е облагороден. Ако во градот има повеќе вакви клубови тој е  благословен. Сакам да истакнам дека во Охрид функционираат повеќе лајнс клубови кои точно знаат за што се грижат.“ – истакна Стојковски.

Од ЛК Лихнидос, се заблагодарија до ФТУ Охрид и нуркачкиот клуб „Амфора“ кои активно учествуваа во спроведувањето на акциите за заштита на животната средина, а пофалница доби и женскиот актив при Здружението на пензионери и пензионерки од општините Охрид и Дебрца.

ЛК „Лихнидос“ беше еден од носителите на проектот „Декември – Месец на отворено срце“, преку кој заедно со иницијаторите и другите помагатели беа обезбедени средства со кои беше извршена набавка на специјално возило за лицата со посебни потреби од општина Охрид. Посебна благодарност за придонесот кон испешно реализирање на акцијата клубот се заблагодари до својот член Љупчо Џуклески и директорот на охридското јавно претрпијатие „Комуналец“ Сашо Алчев.

-Охрид има хумани луѓе и секогаш е чест да сде биде меѓу нив и да се соработува со нив. Да останеме и натаму хумани и да правиме добри дела, како што е акцијата „Декември – Месец на отворено срце“, која се надевам ќе прерасне во традиционална и ќе биде уште поуспешна“, рече Алчев.

Исто така, во изминатите 4 години преку низа хуманитарни активности, членовите  – волонтери на ЛК „Лихнидос“ дадоа голем придонес во заедницата, помагајќи им на социјално загрозените, изнемоштените и болните, на лицата со пречки во развојот, како и на ранливите категории граѓани. Меѓу поистакнатите членови е проф. Емилија Маринова, која со хуманитарните концерти во Италија обезбеди средства за набавка на пијано кое беше донирано во едно охридско семејство.

-Заслугата за реализираните хумани активности и проекти е на сите членови и сите тие се лавови на годината, рече Маринова.

Пред присутните се обрати и новиот градоначалник на општина Охрид, д-р Никола Бакрачески, кој истакна дека новата локална самоуправа ќе биде отворена за заеднички активности од кои корист ќе има целата охридска заедница.

-Членовите на хуманитарните клубови ја претставуваат највисоката свест на едно општество. Локалната самоуправа ќе ги помага иницијативите кои ќе придонесуваат за доброто на заедницата.-истакна градоначалникот Бакрачески.

Инаку, членовите на ЛК Лихнидос Охрид, за идниот период најавија низа активности со кои ќе им се помогне на ранливите категории граѓани, како и проекти од интерес на почироката заедница.

OhridNews