Навивачите на Трабзонспор со истрели од огнено оружје го нападнаа клубскиот автобус на Фенербахче, кој ги превезувал фудбалерите до аеродромот.


За среќа нема жртви, а најлошо помина возачот на автобусот, кој се здоби со тешки повреди и се наоѓа во животна опасност.


Токму тој е најзаслужен за избегнување на поголема трагедија откако ги забележал вооружените лица на патот и го запрел автобусот.


Што се однесува до натпреварот гостинските фудбалери забележаа рутинска победа совладувајќи го домашниот состав Ризеспор со убедливи 5-1.

Мх.П.