Со изложба на фотографии од Охридското Езеро и настап на Даниел Јовески денес започна одбележувањето на Денот на Охридското Езеро – 21 Јуни.
Денешниот настан кој се одржа на плоштадот Долна Порта е дел од фестивалот „Balkan Music Square“.
На Денот на Езерото, 21 Јуни, предвидени се дузина настани. Во 10 часот кај споменикот Фаќач на крст ќе се одржи презентација на нуркачка опрема, а во 13 часот на плажите Канео и Лабино ќе се одржи еко акција „Супер чистка“.
Утрото на плажата К’ј Дивоно ќе се одржи дефиле на едрилици, а во градската библиотека во 10 часот ќе има поетско читање на поети од Охрид, Струга и Поградец.
По повод Денот на Езерото ќе се одржи и панел дискусија за климатските промени и едукативна прошетка со брод на водните живеалишта.
Предвидена е прошетка низ Охрид и Струга, како и посета на спомен собата во некогашната охридска касарна.
Настаните ќе бидат заокружени со вториот фестивалски ден на „Balkan Music Square“ со настап на Дамјан Пејчиноски, Николче Милески, Љубојна и гостинката од Албанија Алба Далјани на на плошдатот Долна порта од 13 до 16 часот.
OhridNews
Фото: А.Момироска