Со изложбата „Македонија во светот на хералдиката“ започнуваат чествувањата за Илинден
31.07.25 09:30
Со свечена програма Општина Охрид ќе го одбележи 2 август Денот на Републиката. Настаните, како што информираат од општината, се и во чест на три големи јубилеи – 120 години од смртта на Христо Узунов, 150 години од раѓањето на Кирил Прличев и 150 години од раѓањето на Методија Патчев.
Програмата започнува вечерва во 19:30 часот во Лапидариумот кај Спомен куќата на Робевци со изложбата „Македонија во светот на хералдиката“. Предвидени се обраќања на претставник од Општина Охрид, Иван Нацевски, потпретседател на Македонско грбословно друштво, академик Љупчо Коцарев, Ставре Џиков, промотор, како и Јован Јоновски, претседател на Македонско грбословно друштво. Настанот ќе биде збогатен и со настап на младите охридски музички изведувачи Мила Тренеска, Билјана Буџакоска и Дарио Тренески.
Утре од 20:30 часот, во селото Велгошти ќе се одржи културната манифестација „Ноќ спроти Илинден“, каде е предвидено обраќање на градоначалникот Кирил Пецаков, полагање на цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците, како и културно-уметничка програма.
Истиот ден од 21:00 часот кај црквата Св.Илија во селото Рамне ќе се одржат традиционалните Илинденски средби.
Во сабота, 2 август, во 10:00 часот ќе биде положено цвеќе пред спомен-обележјата на Илинденците во Градскиот парк, а потоа кај „Прентов мост“. Од 11:00 часот во селото Плаќе ќе се одржи историски час, по што е предвидена и културно-уметничка програма. Вечерта од 21:00 часот во селото Елшани ќе се одржи Илинденска вечер.
Фудбалерите на Охрид ја совладаа екипата на Преспа на гостувањето во Рерсен постигнувајќи резултат од 2:0 Двоен стрелец за екипата на Охрид Лихнидос беше Антонио Каланоски Натпреварот беше одигран...
На 31102025, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид лишија од слобода 48-годишно лице од селото Подмоље, охридско При претрес во поранешен угостителски објект во селото Ме...
На 31102025 во СВР Охрид, во присуство на нивните родители и правен застапник, извршени се службени разговори со двајца малолетници од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека на плоштадот „Ми...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.