Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 38-годишно лице од струшкото село Корошишта.

Како што информираат од СВР Охрид, пријавениот, со лажно прикажување на факти, во заблуда довел 36-годишна жена од Поградец-Република Албанија, која, на 17.01.2019 година, на пријавениот на трансакциска сметка му пратила  пари  за отварање на заедничка фирма  во Струга.

OhridNews