Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 51-годишно лице од струшкото село Радолишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Пријавениот, во текот на 2019 година од лице од Струга набавил систем за вентилација за кој му исплатил само дел од парите, додека за останатиот дел од 60.000 денари, биле договорени да ги исплати за шест месеци.

Откако поминал подолг временски период, лицето од Струга заклучило дека е измамено.

OhridNews