Владата одлучи со зајакнување на воспоставениот систем за пазарни информации и пласман кои се доставуваат до земјоделците, преработувачите и трговците, да се овозможи нивна поголема профитабилност и продуктивност. При тоа да се обезбеди дополнителни финансиски средства и во едукација и поддршка на овие групи за подобар пласман на домашниот и на странските пазари.

Како што соопшти на денешната прес-конференциај владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, преку пазарните информации земјоделците, преработувачите и трговците знаат што, како и каде, на кој пазар се продава или ќе се продава во идниот период, и согласно на тие инфрмации ќе одлучуваат што, како и кога треба да се произведе во областа на земјоделството, односно во преработувачката индустрија, и каде тоа да се продаде за да се обезбеди профит на сите учесници на пазарот.

Мерките, следуваат по направената анализа од страна на Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, која, меѓу другото, утврдила дека нема соодветна транспарентност на протокот на овие пазарни информации, недостигаат човечки и технички ресурси на снабдувачите со пазарни инфорамции, а недостига и практична примена на мерките за заедничко уредување на пазарите.

– Столб на системот е силен Пазарен информативен систем и финансиска поддршка за остварување тесна соработка помеѓу земјоделците, преработувачите и трговците. Редовното функционирање на Пазарниот информативен систем (ЗПИС) во состав на МЗШВ, кој репортира за цените и продадените количини на најбитните земјоделски производи, ќе биде надградено со јакнење на капацитетот на репортерите за собирање, контрола на квалитетот и веродостојноста на пазарните информации и нивно поврзување со независните системи за воведување на пазарни стандарди и класирање на производите. Со тоа ќе се обезбедат повеќе корисни информации и предвидувања за пазарните движења особено за странските пазари кои ја одредуваат цената на клучните земјоделски производи, и така добиените информации редовно ќе се доставуваат до земјоделците во вид на редовни билтени, рече портпаролот Ѓоргиев.

Владата воведува и две нови мерки за финансиска поддршка на системот за обезбедување пазарни информации.

OhridNews
МИА