Екстрактот од какао кој содржи полифенол може да го намали ризикот од заболувања од Алцхајмерова болест, покажало истражување спроведено во познатата болница Маунт Синај.

Експериментите спроведени врз глувци покажале дека овие антиоксиданти можат да спречат акумулација на бета-амилоидни протеини, пишува Journal of Alzheimer’s Research.

Овие протеини се карактеристични за Алцхајмеровата болест и се клучни за слабеење на когнитивните способности.

Истражувачите од Маунт Синај болницата во Њујорк додаваат дека создавањето на наслаги од бета-амилоидни протеини во мозокот започнува десетлетија пред појавата на деменција, па новите наоди укажуваат на можноста од превентивна примена на антиоксиданти присутни и во овошјето и зеленчукот.

 

извор:metro-portal.hr