Со настанот на 6 август, Здружениeто за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности „Креативна верига“, го започнува одбележувањето на петгодишнината од своето електронско списание „(е)Лит“.
Со своите соработници и пријатели, оваа среда во 20:00 часот, во Музејско-културниот центар „Лапидариум“ во Охрид, гостите ќе имаат можност да ги чујат Миодраг Богиќ на виолина и Искра Атанасова Митуш на пијано.
Дел од своето книжевно творештво ќе читаат: Славе Ѓорѓо Димоски, Лилјана Пандева, Ана Илијоска Богиќ, Долорес Атанасова-Лори, Марина Икономова Шокева, Маја Мојсова, Марина Димовска, Мирко Томовски, Митко Кољушевски, Смиле Наумоски Брсјак, Зоран Јакимоски, Наталија Кичеец, Мерсиха Исмајлоска, Зоран Јакимоски.
OhridNews