Со концерт на групата „Синтезис“ кој го проследија голем број вљубениции на етно мелосот, вчеравечер во Центарот за култура „Григор Пличев“ беше прославен 58-от роденден на фестивалот „Охридско лето“.

Пред бројната публика беше промовиран најновиот проект на „Синтезис“, насловен „Остров“ којшто е исполнет со нумери кои го означуваат најдоброто оваа позната етно група досега.

По завршувањето на концертот, прославата продолжи со коктел и роденденската торта.

OhridNews