Со концерт во предворјето на катедралната црква „Св. Софија“, денеска ОМУ „Методи Патче“ од Охрид ќе го одбележи својот 50-годишен јубилеј.

На настанот кој е со почеток од 20:00 часот, ќе настапат ученици, професори и пензионери кои некогаш биле дел од оваа образовна институција.

Инаку, во учебната 2013/2014 година во ОМУ „Мето Патче“ биле запишани вкупно 335 ученици во класите  по пијано, виолина, флејта, кларинет, гитара и хармоника.

OhridNews