Со хепенинг под мотото „Тргни кон здраво срце“, Охрид денеска ќе го одбележи Светскиот ден на борба против срцевите заболувања.

Настанот е во организација на Центарот за јавно здравје, а подржан од министерството за здравство и општина Охрид. Целта е да се влијае на подигање на свеста за сериозноста на кардиоваскуларните заболувања кои се фактор број еден за смртност во Република Македонија, како и за потребата од промена на животните навики кои во голема мера влијаат врз намалување на овие заболувања. 

Хепенингот ќе започне во 9 часот, при што вработени во Заводот за кардиоваскуларни заболувања бесплатно ќе вршат мерење на крвен притисок, ЕКГ, контрола на шеќер во крв, холестерол, а ќе се делат и совети за здрав живот и значењето на физичката активност. Во рамки на настанот покрај градскиот кеј ќе биде одржан и крос. 

Истовремено, Светскиот ден на срцето ќе се одбележи и во Скопје, Штип и Тетово. 

OhridNews