Со звуците на латино музика и салса, синоќа, на плажата Куба Либре бројните гости се забавуваа до раните утрински часови. За добрата забава се погрижи  VJ Ramos, кој е еден од учесниците на првиот Интернационален салса фестивал во Македонија – “Охрид салса камп 2011”, кој започна деновиве.


Целта на Интернационалниот салса фестивал е да се популаризира салса и латино музиката преку работилници по танц (салса, бачата, регетон, афро румба, руеда де казино) и на нашите простори. Ќе учествуваат над 150 домашни и 250 странски гости од Унгарија, Полска, Шпанија, Швајцарија, Словенија, Турција, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија и  други.
Главниот настан на овој Фестивал е концертот на моментално најпопуларниот и најбараниот бенд од Куба – Педриот Калво јуниор и Оркестра, кој ќе се одржи вечерва на плажата Куба Либре со почеток во 22 часот.

OhridNews