Македонскиот репрезентативец Горан Пандев со погодок ја зачини победа на Наполи против нисколигашот Карпи 3-0.


Тренерот на Наполи, Рафа Бенитез покрај многуте засилувања шанса му пружи на Македонецот, кој одигра значајна улога во останататите два погодоци кои ги постигнаа Џемаили и Бехрами.


Со атрактивните фудбалери кои ги доведе Наполи во своите редови и со староседелците „азурите“ најавуваат одлична сезона во Серија А.

Мх.П.