Со марш до вечното почивалиште на војводата Аргир Маринчев, над 20 членови од Месната заедница од Куратица , како и претставници од Завод и Музеј -Охрид , се одбележа годишниината од битката кај Рашанец за време на Илинденското востание.

Учесниците на маршот тргнаа од селото Куратица и поминаа патека во должина од шест километри до вечното почивалиште на војводата Аргир Маринчев, каде положија свежо цвеќе.

Аргир Маринчев е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

– Тој е еден од најистакнатите борци во текот на крвавите борби кај Рашанец  и Грмешница. За жителите од овој крај претставува симбол за храброст и верност кон македонските идеали од Илинденското востание, велат од месната заедница Куратица.

Оттаму, потенцираат дека целта е ваквите случувања да преминат во традиција.

OhridNews