Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современата уметност во Скопје вчера вечерта заврши 63. издание на Струшките вечери на поезијата, на кое учествуваа голем број странски и домашни поети.
Вечерва во Музејот на современа уметност, од Струга ја носиме поезијата за да ве допре со убавина, рече Софиа Насевска-Трифуновска на самото отворање на манифестацијата.
Манифестацијата почна во четвртокот со традиционалното садење дрво и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2024 истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон. Константиновата „Т`га за југ“, првпат годинава беше прочитана од слепо лице со помош на Брајово писмо, во чест на годинашното мото на фестивалот „Допир на убавината“, со кое се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо. По што беше запален фестивалскиот оган и продолжи со поетското читање „Меридијани“.

OhridNews












