
-Пријавениот, прекршокот го сторил вчера во 10 часот и 30 минути на кружната крстосница на булеварот „Македонски просветители“ пред зградата „Печијаре“ во Охрид. Тој, на средината на кружната крстосница паркирал патничко возило џип без регистарски таблици, излегол од истото и со метална шипка фрлал кон рекламните табли со испишани имиња на два маркети кои биле поставени на електричен столб. Потоа со џипот го напуштил местото на настанот. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Во текот на вчерашниот ден со пријавениот бил извршен разговор за околностите на сторениот прекршок и одземен му е е патничкиот автомобил. СВР Охрид презема дополнителни мерки за расветлување на случајот, додава портпаролот Димовски.
OhridNews











