Синоќа во 20.10 часот на булевар „Илинден“ во Скопје, мотоцикл „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 38-годишно лице од Скопје, удрил во четворица шеѓаци на возраст од 76, 50, 46 и 45 години, сите од Скопје.
Во незгодата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, информира МВР.
Повредените биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, во градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и градската општа болница „8-ми Септември“, додека мотоциклистот бил пренесен во комплексот клинки „Мајка Тереза“.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.
OhridNews