Со безброј познати музички рефрени од прерано починатата македонска ѕвезда, во организација на волонтерите од општинскиот Црвен крст, во охридскиот клуб „Харем“ , викендов,  беше одбележан роденденот на Тоше Проески.

Организаторите задоволни од големата посетеност на забавата и информираат дека собраните средства се наменети за поддршка на малите проекти во рамки на програмата Црвен Крст во Акција – Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ).

Програмата претставува Национална алатка за регуритирање и задржување на волонтерите во редовите на организацијата на Црвениот Крст, која изминатата година одбележа 15 години од процесот на својата имплементација на целата територија на Република Македонија.

OhridNews