Во чест на основоположникот на идеата за двиежењето на Црвениот крст, Анри Динан, денеска се одбележува Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а до 15-ти мај се одбележува Недела на овие две хуманитарни организации.

По тој повод и под мотото „150 години хуманитарна акција“, Црвениот крст Охрид организира повеЌе активности.

Најпрво во 10 часот, ќе има прием во седиштето на Црвениот крст од Охрид, каде сите заинтересирани преку промотивни материјали и презентации од страна на волонтерите, ќе имаат можност да се запознаат со мисијата на движењето на ЦК и активностите на општинската организација.

Во 11 часот, делегација на ОО ЦК Охрид и Здружението „Анри Динан“ од Струга ќе положат свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан во Охрид, а во 12:30 часот ќе биде отворена изложба во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Во сабота од 10 часот, кај ТЦ „Амам“ ќе се организира крводарителска акција, додека во 12 часот на потегот од плоштадот до СРЦ „Билјанини Извори“, на повеЌе пунктови ќе се реализира 42-от Општински натпревар по прва помош.

Во недела од 8 часот, ќе биде организирана планинарска тура- излет до врвот Магаро на планината Галичица , со тргнување од пред просториите на Црвениот крст Охрид.

Во понеделник од 19 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се оддржи хуманитарната претстава „За сите деца на светот“ од ОУ Живко Чинго од Велгошти.

OhridNews