Под мотото “Ова е хепатитис… Запознај се. Спротивстави се. Хепатитисот ги напаѓа сите, насекаде”, НВО ХЕПТА, во соработка со Здружението Опција Охрид и општинскиот Црвен крст, со низа активности, ќе се приклучи кон одбележувањето на Светскиот ден за борба против хепатитис, со цел подигање на свеста кај општата популација од ризиците и последиците кои настануваат од оваа болест.

Во рамки на предвидените активности, утре, од 11 часот по охридското крајбрежје ќе се делат  флаери, а во 13 часот во просториите на Црвен крст, ќе биде одржана трибина. Вечерта, во центарот на Охрид ќе биде поставен штанд на кој ќе има мини анкетни прашалници за општата популација, и ќе се дели едукативен материјал.

Приближно 500 милиони луѓе во светот се заразени со ХЦВ или ХБВ, оваа бројка е за околу 15 пати повеќе од бројот на заразени со ХИВ/СИДА, ХЦВ или ХБВ убиваат 1 милион луѓе годишно, помалку од 1/3 (32%) од владите во светот немаат спроведено или финансирано активности за да се намали стигматизацијата или дискриминацијата на лицата кои живеат со ХЦВ или ХБВ, едно од три лица на планетата е изложено на некој од двата вируси без да знае.

OhridNews