Република Северна Македонија, со пригодни свечености, денеска го одбележува големиот државен празник, 8 септември – Ден на независноста.
Активностите од програмата за чествување на празникот започнаа со оддавањето достојна почит и положување венци свежо цвеќе на вечните почивалишта на порнашените претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски, на Градските гробишта Бутел во Скопје. Владината делегација на овој настан ја предводеше Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев.
Одбележувањето на празникот продолжи во градскиот парк во Скопје каде годинава се одвива под слоганот „Боите на независноста“. Во овој дел на чествувањето пред присутните гости и граѓани на Република Северна Македонија, свое обраќање имаше претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев.
Официјалниот старт на програмата за одбележување на 8 септември – Ден на независноста на Република Северна Македонија, започна со настапот на танчерската групоа Денсерс Јунајтед и со смотрата на Батаљонот за почести на Армијата на РСМ, по што естрадната уметница Виолета Томовска ја исполни државната химна.
Во завршниот дел од програмата настапија Виолета Томовска, Елита Зибери и ди-џејот Драган Б. Костиќ.